Фикрија Таир

Фикрија Таир

Надворешен соработник, советник за прашања од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија

е-маил: fikrija.tair@presidentoffice.mk

телефон: 

Биографија

Фикрија Таир се приклучи на Кабинетот на претседателот во јануари 2020 година по долгогодишно искуство во граѓанскиот сектор на теми поврзани со образование и интеграција на Роми, социјална инклузија, лидерство, застапување и лобирање, мултикултурализам, млади, иновативно и претприемачко учење, транспарентност и отчетност на буџетско известување, организирање и зајакнување на ромската заедница, политичко зајакнување на жени-Ромки и други активности и настани поврзани со групи кои имаат помалку привилегии.

Фикрија е магистер по јавни политики при Централноевропскиот универзитет – (ЦЕУ) во Будимпешта, Р. Унгарија и дипломиран финансиски менаџер на Економскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “во Скопје.  Стипендист е на Ромскиот Образовен Фонд и Централноевропскиот Универзитет од Будимпешта, како и алумнист на Ромаверзитас од Скопје.

Претходно работела во здружението на граѓани „Ромаверзитас“ во Скопје како координатор на проект за академски и професионален развој на Роми во високото образование, професионална ориентација и кариерно планирање на средношколци Роми, интеграција на пазарот на труд и младински активизам.  Била дел од ЕУ-пилот проектот „Градење на капацитетот на ромското граѓанско општество и зајакнување на неговата вклученост во мониторингот на Националните стратегии за интеграција на Ромите“ како дел од Истражувачкиот Центар за Јавни политики при Централноевропскиот универзитет (Center for Policy Studies-CPS), во Будимпешта. Работела како помлада истражувачка во Институтот за европска политика во Скопје како дел од програмата на Фондација oтворено oпштество од Будимпешта, “Making the most of EU funds for Roma”, практикант во Народната банка во секторот за внатрешна ревизија, како и на проекти спроведувани од страна на Ромскиот ресурсен центар, Националниот демократски институт и Бизнис конфедерацијата на Македонија.  

Учествувала во подготовка и организација на обуки, програми, настани со високи политички претставници на национално и интернационално, соработувала со граѓански здруженија, мрежи и институции кои работат во областа на намалување на антициганизмот во Европа, младинско зајакнување и учество во креирањето на јавни политики, мониторирање на поврзаноста на исполнувањето на условите за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ и  имплементацијата на Националните стратегии за интеграција на  Ромите во Западен Балкан. Фикрија говори ромски, македонски и англиски јазик.