|
Велат: ...општеството е како брод и во секое време треба да постојат луѓе што ќе бидат подготвени да го преземат кормилото... За идните кормилари да бидат подготвени да го преземат кормилото мора постојано да се инвестира во нивниот развој и наобразба. Како што градиме верски храмови за да ја облагородиме нашата духовност, како што вложуваме во образованието на нашите деца, за да ги облагородиме нивните умови, како што вложуваме во младите менаџери и претприемачи за да се носат со современите проблеми на управувањето и раководењето, како што вложуваме во спортисти за заеднички да се радуваме на нивните победи и ги доживуваме како наши победи, како што вложуваме во историчарите за да не го заборавиме минатото и како што вложуваме во науката за да ни биде посветла иднината, така треба да вложуваме и во младите лидери, за успешно да ја водат Република Македонија на политички, економски и културен план. Во оваа насока ќе биде реализиран проектот „Школа за лидери“, со кој што се предвидува секоја година организирање на интензивен тренинг за лидерство, под покровителство на Претседателот на Републиката д-р Ѓорге Иванов. Целта на оваа школа ќе биде стимулација на позитивните вредности кај младите лидери и идни политички, културни и економски предводници на нашата земја, како и на земјите од регионот и пошироко.
ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКА НА ЛИДЕРИ
Од 16 до 27 Август 2010 год.
Inspiring and Developing Exceptional Young LeadersИнспирирање и развој на исклучителни млади лидери
ПОКРОВИТЕЛ
Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов
Обуката е намената за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.
Програмата опфаќа предавања од лидерството и менаџментот со еминентни предавачи и гости од земјата и странство, менаџмент симулации и практични вежби. Наставата ќе се одвива на македонски и англиски јазик. Бројот на учесниците е ограничен.
Право на учество имаат сите млади од Република Македонија и деца на наши иселеници што живеат во странство.
Трошоците за сместување со полн пансион во Конгресниот Центар -Охрид, ќе бидат покриени од страна на Претседателот на Република Македонија, како покровител на оваа програма.
Услови за конкурирање:
-
Одлично познавање на англиски јазик
-
Просек од високо образование да биде еднаков или поголем од 8,5. (или еквивалентно доколку се работи за диплома од странство)
-
Работно искуство од една до пет години како и магистратура од соодветната област ќе се смета за предност.
Потребни документи за Апликација:
-
Две препораки од вашата организација, компанија или факултет.
-
Потврда за одлично познавање на англиски јазик.
-
Копија од Уверение за положени испити.
-
Биографија
-
Кратко мотивациско писмо
Комплетната апликација да се испрати по пошта најдоцна до 01 Јуни 2010 год. На следнава адреса:
Кабинет на Претседателот на Република Македонија (Комисија за „Школа за Лидери“)‘’Вила Водно’’Ацо Караманов ббМК-1000 Скопје
|