| Духовни Дијалози | |||
|
|
Во услови на современите политички, религиозни и културни собитија, постглобалното општество, цивилизациските падови, социјалната алиенација, негирањето на толеранцијата, религиозниот фундаментализам и, за жал, падот на вредностите, се феномени кои што се погласно се слушаат. Истовремено, многу општества се наоѓаат во длабока криза, која одамна веќе не е само криза на институциите туку и криза на моралните вредности и ориентации на соживот.
Религијата е еден од основните морални корективи на човековата природа.
Религијата и меѓурелигискиот дијалог имаат огромна улога за надминување на предрасудите, за зближување, разбирање, мир и толеранција меѓу луѓето. Во оваа насока го реализираме проектот „Духовни дијалози“, како континуитет со сличните активности на трагично загинатиот Претседател Трајковски. Проектот претставува серија на активности на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во насока на унапредување и зајакнување на односите меѓу верските заедници и истакнување на важноста и потребата од постојана соработка на верските заедници и нивните лидери. Дел од проектот се и средби на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, со верските лидери, одржување на меѓуконфесионален дијалог и покровителство на меѓурелигиски форуми.
|



