| Претприемништво | |||
|
|
Претприемништвото е движечка сила за раст на економијата и затоа е неопходно да се подигне свеста за негов развој. Добриот претприемач значи силна фирма, добар економски пример и успешна економска приказна. Повеќе мали успешни економски приказни значат успешен бизнис, поголем број на вработени и една голема македонска успешна приказна.
Република Македонија преку своите институции мора да вложува во развојот на претприемништвото. Истото е особено битно доколку се знае дека во Република Македонија има голем број на мали и средни претпријатија што имаат значајно учество во БДП и надворешната трговија и вработуваат голем процент од работната сила во државата.
Во оваа насока ќе биде реализиран проектот „Претприемништво“, што предвидува покровителство и подршка за вмрежување на голем број на мали бизниси и средни бизниси, во покрупни синџири на производство и промет, втемелени врз единствени стандарди, силен маракетинг и целосно управување со квалитет.
Навремено препознатите и подржани иновативни претприемнички идеи се битен предуслов за зголемување на компетативноста на македонските компании и нивно рамноправно учество на регионалните, европските и светските пазари.
|



