| Децата на прво место | |
|
Согледувајќи ги актуелните проблеми со кои секојдневно се соочуваат аутистичните деца и млади, но и нивните родители и поблиските пријатели, и запознавајќи ја средината во која секој мал напредок е подвиг кон кој вреди да се стремиме, г-ѓа Иванова го направи следниот чекор - ја презеде целата таа иницијатива и посветено почна да работи на унапредување на нивната положба и условите вокои ќе можат да остварат посреќен и побезгрижен живот. Првата активност на г-ѓа Иванова поврзана со аутизмот беше реализирана при нејзиниот престој во Њујорк, во септември 2009 година, за време на 64-то Генералното Собрание на Обединетите Нации на кое учествуваше Претседателот на Република Македонија. Во рамките на нејзините активности во Њујорк беше и учеството на Втората годишна конференција со фокус на аутизмот, организирана од меѓународната фондација „Аутизмот зборува". На оваа конференција учествуваа околу 150 први дами и високи гости кои со своето присуство го зголемија значењето на настанот, но привлекоа и поголемо медиумско внимание. Со тоа се постигна една од целите на конференцијата - подигање на јавната свест за аутизмот. Во септември 2010 година, г-ѓа Иванова по втор пат учествува на оваа конференција, давајќи го својот придонес кон напорите да се поттикнат државите во светот да одвојуваат средства и ресурси за истражувања за аутизмот, кампањи за подигање на јавната свест и поддршка за семејствата кои се засегнати. Една година откако г-ѓа Иванова ги започна своите активности во Република Македонија, таа успеа ненаметливо, со непосредни контакти, со огромен ентузијазам, но и со особена упорност, да ги спои поединците од академските кругови кои работат на оваа проблематика, од една страна, и родителите кај чиишто деца е дијагностициран аутизмот, од друга страна. Но, пред сè, г-ѓа Иванова успеа да ги обедини сите засегнати страни во борбата за подигање на јавната свест за аутизмот и да ги стави во функција за најмалите, оние за кои вреди да се изодат милиони чекори само да се постигне една насмевка, еден допир, една прегратка, еден блесок во очите на децата со аутизам.
Реакциите кои следеа по Меѓународниот ден на аутизмот беа позитивни и исполнети со оптимизам, и повеќето пристигнуваа токму од родителите и роднините на децата со аутизам, полни со благодарност за тоа што некој ја покрена иницијативата да го потсети општеството за постоењето на болеста и предизвиците кои ги носи. Ова потсетување, оваа искрена иницијатива на г-ѓата Иванова, беше од непроценлива важност, пред сè за децата кај кои е дијагностициран аутизам, за нивните родители и пријатели. Но, уште позначајно беше тоа што го насочи општото внимание кон овој проблем кој некому е секојдневие, ги охрабри и останатите да го препознаат, и ги потсети сегашните и идните родители дека е неопходно навременото откривање на болеста. За г-ѓа Иванова ова беше уште посилен поттик да неуморно да продолжи со активностите, и набрзо потоа ја посети градинка „Лилипут", единствената градинка во која се примаат и дечиња со аутизам. Одблизу беше запознаена со нивниот секојдневен живот и навиките кои ги стекнале со посетувањето на градинката, нивната интеграција, зголемените социјални и комуникациски вештини.
Со цел да придонесе кон подобрување на позицијата на децата со аутизам и збогатување на нивниот секојдневен живот, г-ѓа Иванова се посвети на изнаоѓање позитивни и добри практики кои би можеле да се применат и во нашата земја. При секое нејзино патување надвор од земјата, таа посетува градинки, училишта, клиники посветени конкретно на аутистичните деца, се обидува да собере мислења, предлози и позитивни примери. Така при официјалната посета на Република Австрија во јуни 2011 година, заедно со првата дама, г-ѓа Маргит Фишер, ја посетија единствената специјализирана градинка во Виена за деца со аутизам. Заложби за здравјето на сите децаГ-ѓа Иванова редовно ги посетува и клиниките за детски болести во Република Македонија. Посетата на Центарот за деца болни од церебрална парализа за време на Новогодишните и Божиќните празници е една од оние кои оставаат силен впечаток кај г-ѓа Иванова. Децата ја пречекаа со широки насмевки, а таа им подели пакетчиња со цел да им го разубави овој ден и да им ја даде својата поддршка во борбата против болеста. Кога се во прашање иницијативите за децата и нивното здравје г-ѓа Иванова е секогаш тука да ги поддржи. Првата дама на Македонија, Маја Иванова, за време на 65-тото При посетата на овој Центар, Мишел Обама ја запозна г-ѓа Иванова со нејзината иницијатива за здрава исхрана на Американците, особено на децата. За таа цел г-ѓата Обама ја покрена кампањата насловена ,,Let's move'' („Да се придвижиме"), поддржана од готвачи од целиот Северноамерикански континент, кои како волонтери во училиштата ќе подготвуваат здрава храна за децата. Сметајќи дека преголемата телесна тежина кај децата не е само американски, туку глобален проблем, првата дама на САД се заложи ова движење да прерасне во меѓународна кампања и во неа да се вклучат голем број Први дами од светот. Оваа иницијатива е прифатена од г-ѓата Иванова. Сепак таа смета дека за разлика од САД, децата во Македонија се хранат со квалитетно овошје и зеленчук и се запознати со вистинското потекло на продуктите, но дека сепак лошите навики се присутни во секојдневната исхрана. Поради тоа покрај активна едукација на децата за правилна исхрана, во иницијативата треба да се вклучат не само готвачи, туку и матичните лекари кои ќе прават проверка на здравствената состојба на децата, а посебно на нивната телесна тежина.
Посети на училишта, особено на оние за децата со посебни потреби, честопати се среќаваат во агендата на г-ѓа Иванова. Посетата на основното училиште за посебни потреби „Иднина" и изложбата која ја приредија учениците под наслов „Желби рој" на денот на јубилејниот празник на училиштето, е настан кој буди позитивни чувства на љубов, топлина и искреност, средба кога се споделуваат моменти за паметење. Таа при посетата им се обрати на децата и им посака и понатаму да продолжат да зрачат со позитивна енергија како досега и да продолжат со успешна работа:
За време на Новогодишните и Божиќни празници, 2010 година, г-ѓа Маја Иванова ги посети „СОС Детското село" и Домот за деца без родители „11 октомври" во Скопје и имаше прилика да присуствува на претставите кои дечињата ги подготвија. Нејзината цел беше да биде дел од нивното семејство, да ги помине празничните мигови заедно со нив, да им ја изрази својата почит и внимание, како мајка да им порача дека тие се прекрасни личности кои успешно се справуваат со предизвиците во животот и да продолжат понатаму да се борат. Нејзино големо задоволство беше можноста да им посака среќни празници на децата. „Како што рекле старите - Кај и да си за Божик дома да си. Јас решив денеска да бидам дел од ова семејство и среќна сум што за момент овие дечиња ќе почувствуваат дека не се заборавени. Незаменливо е чувството кога во нивните мали душички ќе предизвикате топлина и во нивните очи ќе погледнете радост и исполнетост. Тука сме да им посакаме Среќна Нова година и весели Божиќни празници, да ги гушнеме и да им ја влееме надежта во новата година, која секој од нас ја заслужува" – изјави г-ѓа Иванова пред присутните при посетата на училиштето. Во 2011 година, за време на Божиќните празници, г-ѓа Иванова во својот дом ги покани децата од „СОС Детското село", повторно да бидат дел од нејзиното семејство и заедно да уживаат во празнувањето. Низ песна и игра за среќно детствоГ-ѓа Иванова се јавува и како покровител на многу настани од забавен карактер, кои успеваат да измамат насмевки и радост од лицата на децата. Еден таков настан е театарската претстава „Дедо мраз и пријателите" која беше одиграна на повеќе јазици за време на Новогодишните празници.
Покрај традиционалното покровителство на Претседателот на Република Македонија на фестивалот „Златно Славејче", славејчињата ја имаат целата поддршка и од г-ѓа Иванова, која присуствуваше на промоцијата на монографијата „40 години Златно славејче" |
Пред сè како жена, потоа и како мајка, г-ѓа Маја Иванова несебично ја дава својата поддршка на оние на кои им е најмногу потребна - децата. Без разлика дали проблемот со кој се соочуваат е здравствен или социјален, секогаш безусловно се вложува да им помогне и да ги поддржи во нивната борба. Нејзините напори и активност се првенствено насочени кон борбата против аутизмот и подигнувањето на јавната свест за постоењето на оваа болест.
Под нејзино покровителство на 2 април 2011 година, во Република Македонија за прв пат беше одбележан
Г-ѓа Иванова продолжува да им помага на родителите чии деца имаат аутизам, како и на нивните организации чија одновна цел е да го помогнат развојот на аутистичните деца, нивното образование и подобрувањето на нивните вештини за комуникација. Посебно интересна инцијатива, чија реализација г-ѓа Иванова со задоволство прифати да ја потпомогне, е проектот за хидротерапија на аутистичните деца. Таа е покровител на
Генерално собрание на ООН во Њујорк во 2010, присуствуваше на уште една конференцијата за намалување на смртноста кај родилките и новороденчињата –
Г-ѓа Иванова оваа иницијатива ја спроведе и на дело, станувајќи покровител и промотор на кампањата „Здрава храна за детство без мана“ - дел од Програмата “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја спреведува здружението на граѓани ОХО, во соработка со Министерството за образование и наука. Г-ѓа Иванова, посети неколку основни училишта каде се спроведуваат едукативни активности, порачувајќи им на родителите да се приклучат кон заедничките напори за создавање свесни генерации кои ќе станат имуни на зависноста од брзата храна со што ќе им обезбедиме сигурна и здрава иднина.
„Ние мораме да запомниме дека децата со инвалидитет се први и најважни. Секој од нас има обврска да биде хуман, да помогне. Но, само со здружени сили на сите ќе придонесеме и ќе направиме нешто за овие дечиња. Велат, тајната на секој успех лежи во желбата и во упорноста. Несомнено, желба имаме сите, па велам, ајде да бидеме упорни. Да вградиме дел во мозаикот што остварува детски сништа. Да направиме чекор напред во остварување на нешто што ќе остане засекогаш во сеќавањата на овие дечиња," изјави г-ѓа Иванова изразувајки ја својата поддршка во нивниот напор за еднаквост и во исполнувањето на нивните „Желби рој".
..„Навистина се обидувам да ја поддржам секоја манифестација за деца, без разлика на нивната етничка или верска припадност, без разлика на нивните склоности и интереси, да сум секогаш тука да помогнам во пресретнување на нивните потреби. И како што секој од нас ја има обврската и грижата да им обезбеди посреќна и подобра иднина на нашите деца, јас чувствувам уште поголема обврска - да им обезбедам и подобра сегашност на сите деца, но особено на оние со кои судбината се поиграла и останале сами, или оние кои Господ ги благословил со други таленти, а во очите на јавноста остануваат личности со физички или ментален хендикеп." – изјави г-ѓа Иванова.