| Изрази на сочувство до полскиот народ по повод авионската несреќа | |||
|
|
Во овие тешки моменти за нашите полски пријатели на амбасадорот на Република Полска му пренесов порака дека како што Полска секогаш искажувала искрена поддршка во сите тешки моменти за граѓаните на Македонија, така и сега и во иднина нејзините граѓани можат да сметаат на нашата безрезервна поддршка и поткрепа. Сакам во мое и во име на сите граѓани, да изразам најдлабоко сочувство до полскиот народ, до семејството на мојот личен пријател Претседателот Качински, до семејствата на трагично настраданите. Во овие мигови на длабока тага, нашите срца и мисли се со пријателскиот полски народ. Република Македонија ја почувствува болката и знае како е на ваков трагичен начин да загуби лидер и државник. Сеуште во нашите мисли и спомени живее ликот и делото на Претседателот Трајковски. Сигурен сум дека името на Претседателот Качински ќе остане врежано во меморијата на полскиот народ. |




Трагедијата што се случи денеска во Смоленск е голема загуба не само за пријателскиот полски народ туку и за сите граѓани на Македонија.