Комисија за одликување

Комисијата за одликувања и признанија е постојано работно тело на Претседателот на Република Македонија составено од претседател и 14 членови кои ги именува Претседателот од редот на истакнати поединци и претставници од соодветни државни органи и организации, здруженија на граѓани, научни, стручни и други институции. Комисијата работи врз основа на одредбите на Законот за одликувања и признанија на Република Македонија.

 

Иницијативите за доделување на одликувања и признанија се доставуваат до Комисијата за одликувања и признанија на Претседателот на Република Македонија. Комисијата ги разгледува доставените иницијативи на седница и врз основа на стручна анализа утврдува мислење за основаноста на барањата содржани во иницијативите и му предлага на Претседателот доделување на соодветно одликување или признание.


Претседател на Комисијата за одликувања и признанија:

Aкадемик Љупчо Коцарев

 

Членови на Комисијата за одликувања и признанија:

Академик Алајдин Абази, Ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа
Проф. д-р Велимир Стојковски, Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
Проф. д-р Бранислав Саркањац, социо-политички аналитичар, Филозофски факултет
Проф. д-р Сена Ариф, Филолошки факултет
Проф. д-р Гоце Џуклевски, Полициска академија
М-р Златко Стефковски, Европски интеграции и комуникации
Генерал потполковник Горанчо Котески, Началник на Генераштаб на АРМ
Артим Шаќири, поранешен фудбалски репрезентативец
Индира Кастратовиќ, поранешна ракометна репрезентативка
Мики Јовановски – Џафер, естраден уметник
Братислав Димитров, режисер и сценарист
Јован Јоновски, Хералдичко здружение
Златко Калеников, претставник на бизнис заедницата

 

Повеќе информации за одликувањата и признанијата кои ги доделува Претседателот на Република Македонија.