Недела, 05 Септември 2010
Генерален секретар
Печати Е-пошта

 

Борис Јосифовски

Генерален секретар

Генералниот секретар во Кабинетот на Претседателот Борис Јосифовски вршел повеќе одговорни функции на ниво на локалната и централната власт. Во периодот од 2005 до 2009 година, Јосифовски бил советник во Општина Гази Баба, место каде стекнува искуство во управувањето со една од најдинамичните, најголеми и најразвиени општини во главниот град. Како дипломиран историчар на уметноста од Филозофскиот Факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Борис Јосифовски работел како советник во Секторот за дејностите од областа на културата во Министерството за култура, а потоа и како државен советник за меѓународна соработка. Претседателот д-р Ѓорге Иванов во 2009 година го покани Борис Јосифовски да се приклучи во тимот како државен советник за внатрешна политика. Како еден од водечките луѓе во Кабинетот на Претседателот, на Јосифовски од 01.04.2010 му е доверена позицијата Генерален секретар.


 

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 

Лубен Арнаудовски

Заменик генерален секретар за правни и финансиски работи

Заменик генералниот секретар Лубен Арнаудовски има богатство на искуство во институциите на македонската држава, пред и по независноста. Прв пат вработен во Кабинетот на Претседателот, поранешното Претседателство, во 1977 година како стручен соработник, Арнаудовски ги минува скалилата во неговата кариера како советник во Кабинетот, советник на Претседателството, советник на Претседателот и секретар на Кабинетот. Во својата долгогодишна кариера членува во голем број на експертски групи за подготовка на законски проекти. Арнаудовски има акумулирано искуство од учеството во бројни конференции и семинари во Македонија и во странство, како и преку редовни учества на државни делегации во билатерални и во мултилатерални активности.

 

 

 

 

Иле Масалковски

Заменик генерален секретар за организациони и протоколарни работи

Иле Масалковски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје, на отсекот за политички студии. Во академската 2006 / 2007 се запишува на последипломските студии по јавна администрација при ИДС за јавна администрација - Битола. Истата академска година е ангажиран прво како демонстратор, а потоа и како помлад асистент по предметите Надворешна политика, Надворешно политичка анализа и Анализа на јавна политика на ФАМИС - Битола. Во 2009 година е ангажиран како раководител за протокол и организациони работи во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, а за заменик генерален секретар е именуван во 2010 година. Има неколку годишно искуство во работата на невладиниот сектор и меѓународната младинска политика. Учестувал на голем број на тренинг курсеви, семинари во земјава и во странство, како и на првата „Школа за политика“ оганизирана од Совет на Европа (2003-2004). Бил Извршен Директор на Граѓанското здружение за демократија, мир и толеранција „АУРОРА“ од Битола, како и заменик координатор на ЕЦМП - Скопје. Активно го говори англискиот јазик, а го користи и француски јазик.

 

 

 

Горанчо Котески

Аѓутант и советник за воени прашања

Аѓутант на Претседателот Иванов е бригадниот генерал Горанчо Котески. Високо образуван офицер кој своето армиско школување го поминал во Сараево, Белград, Германија и во Воената Академија Михајло Апостолски во Скопје. Поминал голем број на обуки и специјалистички подготовки меѓу кои во Колеџот за одбрана на НАТО во Рим, како и во Канада и други земји, во рамките на меѓународната соработка на Армијата на Република Македонија. Во својата војничка кариера обавува должност како Командант на гардиски баталјон, потоа Командант на Воена академија и Командант на касарна Илинден. Дополнително искуство стекнува како воен аташе во Амбасадата на Република Македонија во Германија, одговорна позиција која ја врши во периодот од 2003 до 2008 година. Во период од 2008 - 2009 година ја обавува должноста заменик командант на 2. механизирана пешадиска бригада во Кичево. Во 2009 година е именуван за аѓутант и советник за воени прашања на Претседателот Иванов.

 

 

 

 

Дарко Костадиновски

Државен советник за надворешна политика

Државниот советник за надворешна политика Дарко Костадиновски е ветеран во секторот надворешна политика во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Прв пат се вработува како асистент на советникот за надворешна политика во Кабинетот на Претседателот Борис Трајковски во февруари, 2001 година. Освен како асистент на советникот за надворешна политика, во Кабинетот на Претседателот Бранко Црвенковски, од 2006 година, својата кариера во надворешната политика ја продолжува раководејќи и со одделението за Европската Унија и НАТО. Костадиновски, е магистер по правни науки на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, од областа на меѓународното право. Во тек се неговите докторски студии во истата област, на тема советодавната надлежност на Меѓународниот суд на правдата. Во неговата биографија останува запишана и поддршката за развојот на институциите во Република Македонија, како менаџер на проект на УСАИД за подготовка на закони во Собранието на Република Македонија во 1998 година, и како набљудувач на проект за мониторинг и анализа на електронските медиуми во Советот за радиодифузија. Учествува на голем број меѓународни семинари и конференции во кои се промовира и ја гради македонската надворешна политика. Автор е на книгата Меѓународна Арбитража, објавена во 2008 година.


 

 

 

Љуљета Ќуфлију

Советник за меѓунационални односи

Љуљета Ќуфлију има широко осумнаесет годишно работно искуство во различни државни институции и невладини организации. Својата кариера ја започнува во редакцијата за култура во радио втора програма при МРТВ, но истовремено учествувала и во многу социјални и хуманитарни активности. По завршувањето на Педагошкиот факултет во Скопје, Ќуфлију исто така работела во редакцијата за култура на дневниот весник “Флака”. Љуљета Ќуфлију уметноста на дипломатијата ја научи со долгогодишно работење со меѓународни дипломати - претставници на повеќе светски организации. Почетоците на ова искуство се во Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, од 2001 година. За време на долгогодишното работно искуство со меѓународни организации, Ќуфлију имала ангажмани во организација на културолошки и хуманитарни манифестации, воедно активно се ангажирала и во организацијата на средби и посети на важни меѓународни и локални делегации.