| Комисија за најмлад научник | |
|
Комисијата за Најмлад научник е формирана во функција на реализација на проектот на претседателот д-р Ѓорге Иванов „Најмлад научник“, кој има за цел да ја поддржи науката, научните установи и младиот научен кадар, како и да ги стимулира вложувањата во научниот развој на младите чии сериозни научни достигнувања нема да останат незабележани.Преку овој проект се воспоставува традиција секоја година да се избира најдобриот млад научник, и на тој начин да се поттикува младата научна и истражувачка мисла во Република Македонија.
Имено, проектот „Најмлад научник“ предвидува избор на кандидат, на возраст до 30 години, кој се занимава со научни истражувања и кој во досегашната научна работа има постигнато одреден научен резултат, и кој ќе го понесе епитетот Најмлад научник.
Комисијата за Најмлад научник е формирана во 2010 година и е составена од претседател и 14 члена кои потекнуваат од следните институции:
· Македонска академија за науки и уметности (МАНУ) · Министерство за образование и наука · Јавни и приватни универзитети во Република Македонија · Државен завод за заштита на индустриската сопственост · Кабинет на Претседателот на Република Македонија · Претставник од стопанството
На избраниот Најмлад научник за тековната година, претседателот на Република Македонија му доделува посебно Признание и парична награда во износ од 60.000 денари.Комисијата досега има предложено до Претседателот Иванов еден кандидат, кој стана носител на признанието „Најмлад научник“ за 2010 година.
Јавниот повик за поднесување на апликации за 2011 година е објавен, со рок за поднесување на документи до 31.12.2011 година.
Линк до вест за избор на Најмлад наулник за 2010 година Линк до тековниот оглас за избор на Најмлад научник за 2011 година |
|
Среда, 22 Февруари 2012 |
|
Вторник, 21 Февруари 2012 |










