Најави
Претседателот Иванов ја предводи македонската делегација на НАТО Самитот во Чикаго
Сабота, 19 Мај 2012

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, од утре ќе престојува во Чикаго, Соединетите Американски Држави, каде на покана на  НАТО Алијансата ќе учествува на Самитот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на шефови на држави и влади, кој се одржува од 20 - 21 мај 2012 година.

Официјалната делегација на Република Македонија ја предводи претседателот Иванов,  а во нејзин состав се министерот за одбрана г. Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи, г. Никола Попоски, амбасадорот на РМ во постојната мисија при НАТО, г. Мартин Треневски, и амбасадорот на Република Македонија во САД, г. Зоран Јолевски.

Претседателот Иванов,  на 21 мај - понеделник, ќе има обраќање на состанокот на земјите учеснички  во мисијата на НАТО во Авганистан – ИСАФ, а на маргините на Самитот, ќе оствари и повеќе билатерални средби. За време на посетата на Чикаго, македонскиот претседател ќе учествува и на неколку настани во организација на Обединетата македонската дијаспора, а ќе оствари средба и со претставници од албанската заедница.

Согласно заклучоците од Самитот во Лисабон, во фокусот на дискусијата на Самитот во Чикаго, ќе биде натамошното зајакнување на партнерството со Авганистан. Во тој контекст ќе бидат вклучени и прашањата во врска со имплементацијата на процесот на транзиција (преземањето на одговорноста за безбедноста на земјата од страна на авганистанските безбедносни сили и зголемувањето на нивниот капацитет), како и трансформацијата после 2014 година.


Средба со претседателот на Собранието на Република Турција, Џемил Чичек
Четврток, 17 Мај 2012
Последно освежено на Среда, 16 Мај 2012