Честитка по повод реизборот на Претседателот на Унгарија
Среда, 15 Март 2017   

PRMportretПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка по повод реизборот на Н.Е. г. Јанош Адер на функцијата Претседател на Унгарија:

Почитуван господине Претседателе,

Со особено задоволство Ви упатувам најсрдечни честитки по повод реизборот за Претседател на Републиката.

Во оваа убава пригода, сакам да искажам задоволство од нивото на односите меѓу Македонија и Унгарија, кои се карактеризираат со висок степен на меѓусебно разбирање и почитување, како и од динамиката на политичкиот дијалог и плодната соработка во повеќе области. Воедно сакам да изразам благодарност за гласната поддршка што Вашата земја ѝ ја дава на Република Македонија на патот кон НАТО и Европската Унија.

Посакувајќи Ви добро здравје, натамошна успешна работа и лична среќа, Ви ги упатувам, почитуван господине Претседател, изразите на моето највисоко почитување.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад