Новоименуваниoт амбасадор на Пакистан, Мухамад Харон Шаукат ги предаде акредитивните писма
Петок, 24 Февруари 2012   

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес ги прими акредитивните писма на Н.Е. Мухамад Харон Шаукат, новоименуваниoт амбасадор на Исламска Република Пакистан за Република Македонија, со седиште во Анкара.

Претседателот Иванов и амбасадорот Шаукат, на средбата, ги разгледаа односите меѓу двете држави, при што изразија надеж за натамошно продлабочување на врските меѓу Македонија и Пакистан.

Претседателот Иванов изрази благодарност за принципиелната употреба на уставното име на Република Македонија од страна на Исламската Република Пакистан во меѓусебните односи. Беа разгледани и иницијативи за заеднички настап во проомвирање на идеите на толеранцијата, преку иницијативата на Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации.


  Back<<Назад