| Средба со поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и поглаварот на ИВЗ Реис ул улема Реџепи | |
|
|
Средбата беше свикана на иницијатива на претседателот Иванов, во рамките на неговите редовни контакти со претставниците на верските заедници во Република Македонија. Повод за средбата беа настаните во општините Вевчани и Струга. Претседателот Иванов на средбата побара водачите на двете најголеми верски заедници во Република Македонија да го вложат својот авторитет и да влијаат за поголемо меѓуверско разбирање. Претседателот Иванов, архиепископот г.г. Стефан и Реис ул улема Реџепи заеднички упатуваат порака за одговорност во негување на традиционално добрите меѓуверски односи и на културата на толеранција. Од средбата произлезе заеднички заклучок дека кој било изолиран инцидент, каде и да се случил, треба да биде осуден, од страна на сите. Претседателот Иванов очекува извршителите на инцидентите да одговараат согласно законите. Претседателот Иванов и поглаварите на двете најголеми верски заедници во Македонија изразија увереност дека традицијата на заеднички живот која опстојувала со векови останува вредност и придобивка на сите граѓани на Република Македонија.
|
|
Сабота, 19 Мај 2012 |
|
Четврток, 17 Мај 2012 |
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес оствари средба со поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и со поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи.









