Соопштенија
prostalna_Spanija
Проштална средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. г. Рамон Абароа Каранс
Петок, 18 Август 2017

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. г. Рамон Абароа Каранс.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Кралството Шпанија. Двајцата соговорници се согласија дека постојат можности за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог, и продлабочување на соработката во сферата на економијата, образованието, науката и сите сфери од заеднички интерес.

Претседателот Иванов се заблагодари за досегашната поддршка од Кралството Шпанија на планот на македонските европски и евроатланските интеграции, и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во наредниот период.

На средбата претседателот Иванов изрази длабоко сочувство за бруталниот терористички акт во Барселона во кој животот го загубија недолжни шпански и странски државјани, истакнувајќи дека Република Македонија најостро ги осудува ваквите подли акти на насилство врз невини луѓе и изразува сочувство и солидарност со земјите кои се погодени од ваквиот грозоморени кукавички чин на тероризам.

Амбасадорот Каранс изрази задоволство од извршувањето на дипломатската должност во Република Македонија и го изрази уверувањето дека неговата земја ќе продолжи со напорите за унапредување на односите со Република Македонија.

Претседателот Иванов се заблагодари за севкупниот ангажман на амбасадорот Каранс и му посака успех во идните ангажмани.

Mnr_Katar_2
Средба со г. Солтан бин Саад Ал Мураики, државен министер за надворешни работи на Државата Катар
Среда, 02 Август 2017

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Солтан бин Саад Ал Мураики,  државен министер за надворешни работи на Државата Катар.

На средбата беa разменети мислења за нивото на билатералните односи меѓу двете земји, како и за можностите за интензивирање  економската соработка.

Државниот министер за надворешни работи го запозна претседателот Иванов со актуелните предизвиците со кои се соочува Државата Катар и искажа интерес за случувањата во Република Македонија.

Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија со посебно внимание ги следи случувањата во регионот. „Се надевам дека Државата Катар и лидерите од регионот низ дијалог и со заемен ангажман на мирен начин ќе придонесат за намалување на тензиите и обезбедување на стабилност и безбедност. Потребни се мудри решенија со кои ќе се стави крај на актуелната криза", истакна македонскиот претседател.

На средбата беа разгледани можностите за економска и трговска соработка меѓу двете земји , за реализација на конкретни инвестициони проекти, како и за  потребата од натамошно унапредување на правната рамка меѓу двете земји.

Во таа насока претседателот Иванов го поздрави воспоставувањето на директната авионска линија Скопје-Доха од страна на „Катар Ервејс", и изрази очекување дека тоа ќе даде позитивен импулс за зајакнување на бизнис релациите, туризмот и културата меѓу двете земји.

bojko
Средба со претседателот на Владата на Република Бугарија, г. Бојко Борисов
Вторник, 01 Август 2017

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со претседателот на Владата на Република Бугарија, г. Бојко Борисов, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

На средбата, претседателот Иванов и премиерот Борисов разговараа за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, како и за волјата и ангажираноста на сите што во изминатиот период беа вклучени во напорите за негово усогласување.

„Со овој чин се потврдува политичката волја и заложба на двете држави за преземањето натамошни чекори кон градење меѓусебна доверба и надминување на отворените прашања", посочи македонскиот претседател на средбата.

Претседателот Иванов, истакна дека како и досега, така и во иднина ќе се залага за континуирано унапредување на добрососедските односи.

„Неопходно е заеднички да се соочуваме со предизвиците, во исто време бранејќи ги своите национални интереси. Токму затоа сметам дека ниту еден меѓудржавен договор не смеe да бидe на штета на сопствените државни и национални интереси. Постојано ја нагласувам потребата од решавање на спорните прашања на мирен начин и преку искрен и отворен политички дијалог, во согласност со меѓународното право и добрососедските односи со цел да се постигнат праведни и фер решенија врз основа на принципите на заемно почитување и поддршка и воздржување од мешање во внатрешните работи на државите", порача македонскиот претседател.

На средбата, претседателот Иванов ја реафирмираше целосната посветеност на земјата на европската и евроатлантската интеграција и истакна дека Република Македонија очекува отворена поддршка од Република Бугарија за почеток на пристапни преговори за членство во ЕУ, како и поддршка во однос на приемот на Република Македонија во НАТО.

Претседателот Иванов изрази очекување за интензивирање на политичкиот дијалог меѓу двете земји и скора средба со бугарскиот претседател, г. Румен Радев, посочувајќи дека посетите на највисоко ниво, претставуваат дополнителен импулс во градењето на меѓусебната доверба и добрососедските односи.

Во контекст на потребата од засилена регионална соработка, претседателот Иванов и премиерот Борисов разговараа за предизвиците кои произлегуваат од мигрантската криза и нејзиниот безбедносен аспект, при што македонскиот претседател ја истакна потребата за натамошно продлабочување и интензивирање на соработката меѓу разузнавачките служби, меѓуармиската соработка и соработката во борбата против организираниот криминал и тероризмот.

Двајцата соговорници изразија подготвеност за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи меѓу двете земји, особено истакнувајќи ја потребата за подобрување на економската соработка и реализирање на започнатите инфраструктурни проекти во регионот.

PRM_Osmani
Средба на претседателот Иванов со заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, г. Бујар Османи
Понеделник, 31 Јули 2017
CZ
Проштална средба со амбасадорот на Чешката Република, Н.Е. г. Мирослав Рамеш
Понеделник, 17 Јули 2017

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана" во Охрид, на проштална средба го прими амбасадорот на Чешката Република, Н.Е. г. Мирослав Рамеш.

Претседателот Иванов го поздрави одличното ниво на политичките односи кои преку честите контакти на највисоко ниво, само го потврдуваат искреното пријателство и цврстото партнерство меѓу Република Македонија и Чешката Република.

Македонскиот претседател изрази благодарност за целокупната помош и поддршка која Република Македонија ја добива од Чешката Република во справувањето со мигрантската и бегалската криза, потенцирајќи го нивниот значаен придонес преку присуство на чешки полициски сили и опрема, со цел надзор и поефикасна заштита на нашата граница.

Во однос на реализацијата на македонските стратешки надворешно-политички цели, претседателот Иванов изрази уверување дека Чешката Република како докажан и принципиелен пријател и партнер ќе продолжи отворено да ја поддржува Република Македонија во аспирациите за членство во Европската Унија и во НАТО.

Амбасадорот Рамеш истакна дека за него било чест и привилегија да работи во Република Македонија, во однос на унапредувањето на односите и соработката меѓу двете пријателски земји. Чешкиот амбасадор нагласи дека заминува од Република Македонија со чувство на задоволство поради фактот што за време на неговиот мандат односите и соработката е подигната на повисоко ниво.

На средбата, претседателот Иванов изрази благодарност и за личниот ангажман на амбасадорот Рамеш. „Високо го ценам вашиот активен придонес во позитивниот развој на односите и соработката меѓу Република Македонија и Чешката Република и во успешната соработка во однос на мигрантската и бегалската криза. Вашиот ангажман заслужува искрена почит", нагласи претседателот Иванов, посакувајќи му успех во идните ангажмани.

 
Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај
Страница 8 од 155