Соопштенија
KabinetPRM
Реакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија
Четврток, 02 Август 2018
Palmer
Средба со г.Метју Палмер, вршител на должноста заменик-помошник државен секретар во Стејт Департментот на САД
Среда, 01 Август 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Метју Палмер вршител на должноста заменик-помошник државен секретар во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави за Европа и Евроазија.

На средбата беше разговарано за актуелните политички состојби во Република Македонија и за натамошно зацврстување, збогатување и унапредување на стратегиското партнерство меѓу Република Македонија и САД.

Македонскиот претседател изрази очекување дека ќе продолжи американската поддршка за надворешно политичките цели и приоритети на Република Македонија, за добрососедските односи и регионалната соработка.

Претседателот Иванов посочи дека Република Македонија уште во 2008-та година ги исполни условите за членство во НАТО и сиве овие години активно придонесувајќи во НАТО мисиите, заедно со земјите-членки, Република Македонија го заслужува членството без дополнителни услови.

Во однос на постигнатиот договор меѓу владите на Република Македонија и Република Грција, претседателот Иванов истакна дека не прифаќа договор со кој се крши Уставот, Законите и се рушат државните институциите и претставува договор кој е на штета на македонските национални интереси.

На средбата, претседателот Иванов потенцираше дека одржување на мирот, стабилноста и просперитетот на нашиот регион е од клучно значење за целиот европски континент.

PRM_Viorika__Romanija
Средба на претседателот Иванов со г-а Виорика Данчила, претседател на Владата на Романија
Петок, 27 Јули 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ja прими г-а Виорика Данчила, претседател на Владата на Романија.

Двајцата соговорници констатираа дека односите меѓу двете земји ги карактеризира висок степен на пријателство, конструктивен и отворен политички дијалог.

На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во Република Македонија и во Романија и за предизвиците со кои се соочува регионот на Југоисточна Европа.  Претседателот Иванов потенцираше дека мирот, стабилноста и безбедноста на регионот се од клучно значење за целиот европски континент. За таа цел е неопходно јакнење на регионалната соработка и јакнење на меѓусебната доверба и поддршка, порача на средбата претседателот Иванов.

Двајцата соговорници разменија мислења за стратешките цели и надворешно политички приоритети на Република Македонија и изразија подготвеност за натамошно продлабочување на соработката на билатерален, регионален и мултилатерален план.

На средбата беа разменети мислења и информации во врска со можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка меѓу двете држави, во сите области од заемен интерес, а посебен акцент беше ставен на потребата од јакнење на економската соработка.

AKREDITIVI_BRITANIJA
Предавање на акредитивни писма од страна на новоименуваните амбасадори на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Кралството Саудиска Арабија
Четврток, 26 Јули 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска во Вила Билјана во Охрид ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија.

На предавањето на акредитивните писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н.Е. г-а Рејчел Галовеј, претседателот Иванов оцени дека постои заеднички интерес за натамошно интензивирање на одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство и го потенцираше интересот на Република Македонија за интензивирање на економската соработка и размена.

„Оваа година, Република Македонија одбележува 25 години од воспоставување дипломатски односи со Вашата земја. Од 1993 година, Македонија и Обединетото Кралство во континуитет градат пријателски релации особено во контекст на британската поддршка и помош за Република Македонија и за нејзиниот пат кон Европската Унија и НАТО. Во оваа свечена пригода би сакал да истакнам дека граѓаните на Република Македонија се посебно благодарни за поддршката што Обединетото Кралство ја дава во остварувањето на македонските стратешки приоритети", рече претседателот Иванов.

Амбасадорката Галовеј истакна дека Обединетото Кралство е долгогодишен и искрен партнер на Република Македонија и поддржувач на апсирациите на земјата за членство во Европската Унија и во НАТО.

AKREDITIVI_SAUDISKA_ARABIJA„Западниот Балкан е значаен регион за Обединетото Кралство, што го покажавме со неодамнешниот самит во Лондон на којшто нашиот премиер беше домаќин. Ние ја зголемуваме нашата поддршка и за Македонија и за регионот со цел да ги поддржиме вашите напори за градење просперитет во безбедно и стабилно соседство. Успехот во овие области ќе биде од корист за Обединетото Кралство и за Европа како целина", рече амбасадорката Галовеј.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија, со седиште во Тирана, Н.Е. г. Абдулмомен бин Мохамед Шараф, македонскиот претседател го потенцираше интересот на Република Македонија за унапредување на севкупната соработка со Кралството Саудиска Арабија, особено во делот на економската соработка и трговската размена. Претседателот Иванов изрази уверување дека амбасадорот Шараф со своето дипломатско и професионално искуство ќе придонесе во развивањето на билатералните односи меѓу двете земји.

Претседателот Иванов на новоименуваните амбасадори им честита за функцијата и им посака успех во вршењето на одговорната дипломатска должност.

PRM_socustvo
Писмо со сочувство до претседателот на Република Грција, г. Прокопис Павлопулос, по повод катастрофалните пожари
Вторник, 24 Јули 2018
 
Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај
Страница 7 од 170