Средба со членови на МАНУ по повод 50-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите
Понеделник, 09 Октомври 2017   

manu_6Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска, по повод одбележувањето на 50 - годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, ги прими членовите на претседателството на МАНУ како и членови на академии на науки и уметности од странство. Претседателот Иванов упати честитки до претставниците на македонската академија на науките и уметностите, за големиот јубилеј - 50 години од нивното формирање, и нагласи дека академијата како досега така и во иднина треба да настојува преку научната мисла да придонесува за унапредување на севкупниот развој на Република Македонија и за напредок на македонско општество. Средбата со членовите на академиите се одржа во пресрет на свечената академија по повод одбележувањето на 50-годишнината од основањето на МАНУ, која е под покровителство на Претседателот на Република Македонија. На средбата присуствуваа и претставници на академиите од Република Србија, Република Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Турција, Косово, Република Албанија, Република Бугарија, Словачка, Чешката Република, Австрија и Унгарија.

  Back<<Назад