Потпишан протоколот за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на Сити колеџот во Солун за академската 2017/2018 година
Среда, 28 Јуни 2017   

Protokol_stipendiiПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, министерот за образование и наука, г-а Рената Дескоска и директорот на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд од Велика Британија, „Сити колеџ" , г. Јоанис Верверидис, лоциран во Солун, Република Грција, денеска го потпишаа протоколот за соработка, за доделување на 20 стипендии „Борис Трајковски", за вонредни двегодишни постдипломски студии на Програмата за бизнис-администрација МБА за академската 2017/2018 година.

За академската 2017/2018 година се доделуваат стипендии за насоките: општ менаџмент, маркетинг, финансии, менаџмент во логистика, менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси.

Стипендиите, традиционално, се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација - МБА на „Сити колеџ" во Солун, Факултет за меѓународни студии, при Универзитетот „Шефилд" од Велика Британија. Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на „Сити колеџот" и изнесува 14.890 евра при што педесет проценти обезбедува Владата на Република Македонија, а останатите педесет „Сити колеџ".

Стипендиите се доделуваат како дел од успешната соработка меѓу Меѓународниот факултет на Универзитетот „Шефилд" - „Сити Колеџ" и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Од 2003 година, заклучно со академската 2016/2017 година се доделени 187 стипендии. Стипендиите „Борис Трајковски" даваат одлична можност за кандидатите да ги надградат својот талент, знаења и вештини на еден од најпрестижните универзитети, рангирани на светско ниво.

„Сити колеџ" – Солун, е еден од шесте факултети во рамките на Универзитетот „Шефилд" и единствен кој е надвор од Обединетото кралство. „Сити колеџот" има четири катедри и покрај кампусот во Солун, има свои програми во Софија, Белград, Букурешт и Киев.

  Back<<Назад