Свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија
Четврток, 13 Април 2017   

smena_zname_001Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.

На церемонијата, присуствуваа ученици од ООУ "Св.Климент Охридски" од општина Кисела Вода, ученици од ООУ "Крсте Мисирков" од општина Гази Баба, како и деца од ЈУДГ "Орце Николов" од општина Карпош, од Скопје.

Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

  Back<<Назад