Средба на претседателот Иванов со претседателот на Парламентот на Унгарија, Ласло Ковер
Понеделник, 20 Март 2017   

KoverПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска во Будимпешта се сретна со претседателот на унгарскиот Парламент, г. Ласло Ковер. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Унгарија, особено во контекст на соработката на парламентарно ниво.

Македонскиот претседател оцени дека Унгарија е важен и потврден партнер на Република Македонија и нејзината интеграција во Европската унија и во НАТО.
Тој ја поздрави досегашната соработка меѓу парламентите на двете земји, истакнувајќи дека е во согласност со квалитетот на билатералните односи, и изрази очекување за натамошно унапредување во иднина.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења за можностите за продлабочување на соработката и во други сфери од заеднички интерес.

Претседателот Иванов го информираше претседателот на унгарскиот Парламент за причините за политичката криза во Македонија и за можните решенија.

  Back<<Назад