Новости
Skrebatno
Претседателот Иванов во Скребатно по повод празникот Успение на Пресвета Богородица
Понеделник, 28 Август 2017
SVPweb
Претседателот Иванов ги прими учесниците на 56. издание на Струшките вечери на поезијата
Сабота, 26 Август 2017

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана" во Охрид ги прими годинешниот лауреат на наградата „Златен венец" на Струшките вечери на поезијата, американскиот поет Чарлс Симиќ, добитникот на наградата „Мостови на Струга" на СВП и УНЕСКО, хрватскиот поет Горан Чолакхоџиќ, носителот на наградата „Браќа Миладиновци", македонскиот поет Михаил Ренџов и организаторите на 56. издание на Струшките вечери на поезијата.

Претседателот Иванов им честиташе на тројцата поети за наградите, оценувајќи ги како признание за нивната целокупна поетска дејност.

На приемот претседателот Иванов упати честитки за успешната организација на оваа поетска манифестација и изрази очекување дека тоа ќе продолжи и во иднина.

Струшките вечери на поезијата имаат особено значење за презентација на македонското и светското поетско творештво, и за збогатувањето на македонската култура и за севкупната афирмација на Република Македонија во светот, рече претседателот Иванов на средбата.

Годинешното 56-то издание на „Струшки вечери на поезијата" се одржува од 23 до 28 август, а на него учествуваат триесетина поети од Македонија и странство.

Во 2011 година претседателот Иванов ја одликуваше манифестацијата „Струшки вечери на поезијата" со Орден за заслуги за Република Македонија.

Skola1
Отворена осмата Школа за млади лидери на претседателот Иванов
Понеделник, 21 Август 2017

Школата за млади лидери е обука на успешните, затоа што со самото тоа што сте тука меѓу нас сте тие што се најуспешни. Ние се обидуваме најуспешните ги направиме уште поуспешни затоа што во секое општество се неопходни луѓе кои водат, рече претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на отворањето на осмата по ред Школа за млади лидери, што по негова иницијатива се одржува од денеска до 31 август во Охрид.

„Ви посакувам овие денови поминати на оваа обука да ги осознаете сите вештини од овие луѓе кои зад себе имааат успешни кариери, кои направиле нешто и постигнале во животот и затоа се со нас. Ова е школа и обука на успешните, затоа што со самото тоа што сте тука меѓу нас сте тие што се најуспешни. Ние се обидуваме најуспешните да ги направиме уште поуспешни затоа што во секое општество се неопходни луѓе кои водат. Многумина не знаејќи што се случува ја поистоветуваат оваа школа со старите школи за политика. Нема тука политика. Тука има вештини за водење и раководење, вештини за создавање на проекти за аплицирање на грантови и наоѓање решенија. Тука е момент за иновација и креација. Ви посакувам овие денови да ви бидат исполнети со многу нови идеи, да ни бидат исполнети со многу нови проекти, со многу нови познанства и многу вмрежувања", рече претседателот Иванов на отворањето на Школата.

На свеченото отворање се обратија и поранешниот претседателот на Бугарската академија на науките д-р Стефан Воденичаров, главниот извршен директор на „ТАВ Аеродроми" д-р Сани Шенер, претседателот на управниот одбор на „ЕВН Македонија", г. Штефан Петер, деканот на колеџот Шварцман при Универзитетот Чингуа д-р Давид Пан, амбасадорот д-р Георг фон Хабсбург, и д-р Зоран Илиевски, професор на Правниот факултет "Јустинијан Први" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", во Скопје.

На годинешната школа ќе присуствуваат вкупно 22 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Република Македонија, Европската унија, САД и Кина, кои ќе ги пренесат своите знаења, искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на школата.

Меѓу предавачите на осмата по ред Школа за млади лидери се и поранешниот претседател на Република Албанија, г. Реџеп Меидани, професорот на Вартон Школата при Универзитетот во Пенсилванија, д-р Ѓорѓија Петкоски, професорот на Универзитетот во Цирих, д-р Марко Штенберген, како и еден од водечките експерти за бизнис менаџмент и лидерство, г. Дејвид Голдсмит.

Предавања на школата ќе одржат и други истакнати поединци, лидери на успешни компании, и претставници на етаблирани институции од Македонија, Норвешка, Австрија и други земји.

Школата за млади лидери е лична иницијатива на претседателот Иванов. Досега се организирани седум интензивни тренинзи за лидерство – вo 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година. Идејата на претседателот Иванов е да се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности.

Програмата на школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.

Во изминатите седум години на школата учествуваа 280 млади луѓе и над 160 реномирани предавачи, меѓу кои поранешниот Генерален секретар на ОН, г. Бан Ки-мун, поранешните претседатели на Чешка и на Латвија, г. Вацлав Клаус и г-ѓа Ваира Вике - Фреиберга, поранешните претседатели на Србија, на Бугарија и на Албанија, г. Борис Тадиќ, г. Георги Прванов, г. Петар Стојанов и г. Бамир Топи, поранешниот потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија, г. Франко Фратини, претседателите на Светската и на Европската академија на науките и уметностите, г. Иво Шлаус и г. Феликс Унгер, како и голем број амбасадори, функционери од Европската унија, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании и професори од реномирани светски универзитети.

Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, коешто низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.

Skola2

Fakultet_za_bezbednost_01
Средба на претседателот Иванов со делегација од Факултетот за безбедност – Скопје
Вторник, 15 Август 2017

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими делегација од Факултетот за безбедност-Скопје во чиј состав беа деканот проф. д-р Никола Дујовски, продеканот за наука и развој доц. д-р Марјан Ѓуровски и проф. д-р Владимир Ортаковски.

Претседателот Иванов нагласи дека Факултетот за безбедност како високо образовна институција со своите активности придонесе за мирен и стабилен развој на Република Македонија, во нејзините демократски процеси, воедно постигнувајќи значајни резултати во работата, особено во едукацијата и образованието на кадар за потребите на безбедноста и одбраната на Република Македонија и научното истражување.

На средбата беше истакнато дека изминатите четири децении многу генерации од Факултетот за безбедност-Скопје дадоа значаен придонес преку посветеното работење, пожртвуваност и истакнување за време на мир и кризни состојби.

Да се студира на Факултетот за безбедност-Скопје претставува вистински избор за наобразба и придонес кон подигнување на високите стандарди на кадарот во безбедносните институции и недржавни актери во земјата, подвлече претседателот Иванов, кој го потенцираше позитивното исксуство од дипломираните студенти на овој Факултет.

На средбата се иницираа заеднички научно-истражувачки проекти од областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната со кои ќе се даде придонес за надлежните институции како што е Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и за неговото работење како врховен командант на вооружените сили на државата.

Факултетот за безбедност-Скопје одбележува 40 години од неговото формирање и има постигнато високи резултати во доментот на високото образование за потребите на безбедносниот систем на Република Македонија и другите актери, како и општествени, безбедносно-одбранбени и научно-истражувачки работи.

ACV_NR_Kina
Средба со делегација од Администрацијата за цивилно воздухопловство на НР Кина
Понеделник, 14 Август 2017

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со делегација од Администрацијата за цивилно воздухопловство на НР Кина, предводена од г. Ванг Жикинг, заменик администратор на Администрацијата за цивилно воздухопловство на Народна Република Кина. Од македонска страна на средбата присуствуваше и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, г. Горан Јандреоски.

Претседателот Иванов беше информиран за целта на посетата на делегацијата од НР Кина, за посветеноста на двете Агенции за интензивирање на соработката и размена на информации и искуства во областа на безбедноста во авиосообраќајот, можност за обуки на персоналот, како и можноста за директни летови, како и за можноста за потпишување на договор помеѓу двете агенции.

Заменик администраторот Жикинг истакна дека Република Македонија не само што е пријателска земја, туку и е исклучително важна за големиот проект "Еден појас еден пат", и во тој контекст соработката во сферата на цивилно воздухопловство има значајна улога.

Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија придава особено внимание на развојот на односите со НР Кина, и како Претседател во континуитет дава поддршка на сите иницијативи кои придонесуваат за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Во тој контекст ја поздрави соработката меѓу двете Агенции.

_1
Претседателот Иванов ги прими членовите на младинската ракометна репрезентација на Македонија
Вторник, 01 Август 2017

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими членовите на младата македонска ракометна репрезентација кои го освоија шестото место на Светското првенство во Алжир за играчи до 21 година.

Претседателот Иванов им го честиташе постигнатиот успех на нашите млади ракометари и освоеното шесто место, што претставува најдобар пласман за македонска репрезентација на светските првенства во ракомет.

„Очекувам исто како вашите постари колеги да продолжите со високи резултати за да се радуваме на сите ваши успеси, како во Европа, така и во светот. Многу сме горди на вас и посакуваме да имате исти успеси. Вие сте млади луѓе и пред вас стои извонредна спортска кариера", им порача претседателот Иванов на младите ракометари.

Македонскиот претседател посочи дека Македонија со последните успеси постанува ракометна сила и дека се надева оти младите ракометари ќе ги надминат нивните постари колеги, надополнувајќи дека ќе дојде време кога и тие ќе добиваат ордени и медали за нивните идни успеси.

Селекторот Илија Темелковски, заблагодарувајќи се за приемот, рече дека е големо задоволство да се биде шести во светот и да се постигне најголемиот успех во македонскиот екипен спорт.

„Го постигнавме можеби најголемиот успех во колективниот спорт во Македонија и влеговме во самиот врв на светскиот ракомет. Зад себе оставивме големи репрезентации, светски велесили. Момците одиграа со срце, имавме тешки натпревари и заслужено сме онаму каде што сме. Мислам дека ќе продолжиме да се афирмираме преку младата репрезентација и дека ќе има уште вакви успеси", рече селекторот Темелковски.

Потсети дека и претходно Македонија имала млади ракометни репрезентации кои постигнале успеси на европските првенства.

„Добро е да се има континуитет. Задоволен сум што повторно добив извонредна генерација на ракометари кои се квалитетни. Многу помогна нивното искуство стекнато во Лигата на шампионите и СЕХА лигата, а на мене остана само да го извадам максимумот од овие ракометари", потенцира Темелковски.

Ракометарот Филип Кузмановски нагласи дека првенството било многу напорно и додаде дека иако биле добро физички подготвени темпото на игра и секојдневното играње натпревари придонело дел од натпреварите да ги одиграат полошо.

„Во претходните години немавме резултати какви што се очекуваа од нас. Ова светско првенство беше последно за дел од репрезентативците и мислам дека не мотивираше нас постарите играчи да дадеме се од себе. Тоа се покажа и на терен. Изигравме добро првенство. На дел од натпреварите потфрливме бидејќи немавме доволно време да се одмориме, а дел од играчите играа на секој натпревар по 60 минути. Сепак, никој не се штедеше и го даваше максимумот од првата до последната минута", изјави Кузмановски.

Голманот Мартин Томовски е задоволен од постигнатиот успех, но вели дека секогаш може и подобро.

„Среќни сме што ја имавме честа да го оствариме најголемиот колективен успех во Македонија. Не беше лесно, но почнавме да менуваме некои работи и да го искоренуваме македонскиот менталитет со тоа што прикажувавме одлична игра без разлика на начинот на кој го отворавме натпреварот", рече Томовски.
rakometari_2

 
Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај
Страница 6 од 176