Новости
potomci1
Средба со потомци на истакнати македонски дејци по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
Понеделник, 23 Октомври 2017
Lokalni_izbori_2017
Претседателот Иванов гласаше на првиот круг на локалните избори
Недела, 15 Октомври 2017

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на првиот круг на локалните избори во Република Македонија 2017 година гласаше во изборното место 2859 во Скопје, во средното училиште „Јосип Броз Тито".

„Очекувам овој ден да помине во најдобар ред.Овие локални избори да поминат во мирна, фер и демократска атмосфера. Денеска кога се избира локалната власт, граѓаните можат да ги изберат оние кои за време на изборните кампањи понудиле дека ќе им го подобрат нивниот живот и условите за живот, бидејќи реалниот живот секојпат е на локално ниво и граѓаните очекуваат тие што ќе ги изберат да им го подобрат квалитетот на животот", изјави претседателот Иванов.

По завршување на гласањето, македонскиот претседател изјави дека очекува овие локални избори да ја покажат зрелоста кај граѓаните и да претставуваат унапредување на демократијата во земјата.

smena_zname_15
Свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија
Петок, 13 Октомври 2017
manu_6
Средба со членови на МАНУ по повод 50-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите
Понеделник, 09 Октомври 2017

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска, по повод одбележувањето на 50 - годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, ги прими членовите на претседателството на МАНУ како и членови на академии на науки и уметности од странство. Претседателот Иванов упати честитки до претставниците на македонската академија на науките и уметностите, за големиот јубилеј - 50 години од нивното формирање, и нагласи дека академијата како досега така и во иднина треба да настојува преку научната мисла да придонесува за унапредување на севкупниот развој на Република Македонија и за напредок на македонско општество. Средбата со членовите на академиите се одржа во пресрет на свечената академија по повод одбележувањето на 50-годишнината од основањето на МАНУ, која е под покровителство на Претседателот на Република Македонија. На средбата присуствуваа и претставници на академиите од Република Србија, Република Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Турција, Косово, Република Албанија, Република Бугарија, Словачка, Чешката Република, Австрија и Унгарија.

Krivolak1
Неопходни се современи услови и средства за АРМ за предизвиците во 21 век – претседателот Иванов присуствуваше на вежбата „Засилен механизиран пешадиски баталјон во напад“
Понеделник, 09 Октомври 2017

Како Врховен командант секојпат сум настојувал да го добиете она што ви припаѓа. Вам ви е неопходно современи услови и современи средства за војување и спротивставување со предизвици кои се доминантни во 21 век, порача Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој денеска присуствуваше на тактичката вежба со боево гаѓање „Засилен механизиран пешадиски баталјон во напад", што на армискиот полигон „Криволак" ја изведоа припадните на Армијата на Република Македонија.

„Вежбата беше импресивна не само со тоа што беше користена боева муниција, туку на оваа вежба покажавте подготвеност за соочување со најсериозни предизвици. Ова ги потврдува оценките што ги добивате кога учествувате во мировните мисии, но и оценките кога учествувате во вежбите со нашите партнери. Уште еднаш сакам да ви честитам за вашата подготвеност, за сето ваше знаење, за сите ваши вештини и вашата пожртвуваност", рече претседателот Иванов.

„Како Врховен командант секојпат сум настојувал да го добиете она што ви припаѓа. Вам ви е неопходно современи услови и современи средства за војување и спротивставување со предизвици кои се доминантни во 21 век. Посакувам и во иднина сето ова знаење и сите овие вештини да ги користите за да ја оправдате довербата која во вас ја имаат македонските граѓани, кои немаат можност ова да го видат, но ве гледаат кога помагате и се соочувате со елементарни непогоди, кога им помагате при поплави и пожари. Затоа, таа доверба кон вас е толку голема", порача македонскиот претседател.

Тактичката вежба со боево гаѓање „Засилен механизиран пешадиски баталјон во напад" ја изведоа околу 800 припадници на АРМ во јачина на механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада, засилен со единици од бригадата, полкот за специјални операции и воздухопловната бригада и демонстрираа постапки, мерки и процедури и извршување на офанзивни операции со боево гаѓање на вакви поголеми состави. Овие единици беа во составот на средната пешадиска баталјонска група, која на 6 октомври по вторпат го заврши оценувањето согласно концептот на оперативни способности на НАТО-ниво 2.

Krivolak2

 
Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај
Страница 3 од 176