In the Media
Во медиумите
There are no translations available.

Интервју со еден од предавачите на Школата за лидери, Мухамед Мешиќ за BBC - 27 август 2010

Полиглотот и младите лидери

На 26 години, тој е доктор по правни науки, вели дека течно зборува 12, а разбира уште 45 светски јазици. Меѓу нив и Хаида јазик кој го зборуваат малку повеќе од 50 луѓе на канадските острови Квин Чарлет.  Себеси не се смета за ултраталентиран, туку повеќе како човек со мисија - она што е најлошо да го претвори во најдобро. Се вика Мухамед Мешиќ, роден е во Тузла во Босна Херцеговина, а деновиве пресојуваше во Македонија. Во разговорот за BBC тој одговараше на хебрејски, португалски, италијански, турски и македонски јазик...

„Повод за моето доаѓање во Македонија е поканата од Претседателот на државата, д-р Ѓорге Иванов, за да учествувам како еден од предавачите на обуката за млади лидери. Повеќе од 30 ентузијасти и по малку хиперактивни млади луѓе од целата држава се собраа во Охрид, каде одржав предавање на тема „Како да се биде лидер во хиперповрзан свет“. Малку зборував за она што се нови процеси во светот како „Фејсбук ефект“ како поврзување од кое може и мора да профитира евроатлантската иднина на Македонија.“

BBC: Има ли Македонија лидерски потенцијал во тие млади луѓе?

Мухамед Мешиќ: Гледам дека во Македонија има многу млади луѓе кои се заинтересирани за решавање на проблеми и на тешки ситуации во земјата. А во исто време се свесни дека мора да има лидерски потенцијал. Тоа е обврска, тоа е нешто што во Македонија е клучно прашање. Состојбата е таква што комплетната евроатлантска иднина на сите наши држави во регионот мора да биде одржлива. Среќен сум што гледам дека толкав број млади луѓе се обединуваат и се поврзуваат со сите актери во општеството.

BBC: Кои се вашите согледувања? Како ќе се одвива процесот на евроинтеграција на регионот на Западен Балкан во евроатлантските структури?

Мухамед Мешиќ: „Мислам дека ние сме по малку регион на изгубени шанси. Веќе петнаесет години од крајот на војната на овие простори малку е чудно од европска перспектива зошто ние не сме поактивни, зошто не сме позаинтересирани да тропаме на вратата на европската интеграција. Се губи интересот бидејќи ние се стабилизираме во овој наш „статус кво“. Среќен сум кога во одредени ситуации се покажува дека луѓето имаат интерес како во Македонија на пример. Земјата во минатото имаше пропуштени шанси но сепак на крајот Македонија е сериозен кандидат за членство во Европската Унија. Да не е проблемот со Грција за името мислам дека тоа би одело и побрзо. Сите сигнали што се праќаат од Брисел е дека државите од регионот треба да бидат лидери сами на себе. И мене ми е драго што можеме да учиме од Македонија која како и Босна и Херцеговина е сложено но функционално мултиетничко општество.“
 
BBC: Информациите што доаѓаат од Босна и Херццеговина и натаму зборуваат за премногу поделби по етничка линија. Има ли простор за некаква обединувачка сила?

Мухамед Мешиќ: Состојбата е тешка затоа што во денешна Босна и Херцеговина политичкиот и правниот систем по малку личи на „лудачка кошула“. Ние имаме преку сто министри, преку петстотини парламентарци. Тривијалните, најбаналните прашања се сведуваат на етнички интереси и во тоа се губи енергија и доаѓа до замор којшто ги дели луѓето. Затоа што тие мислат дека ако се раздвоени полесно ќе ги решаваат проблемите. Тоа е една политика која создава неправди и, она што е најлошо, ги игнорира вистинските потреби на луѓето. Во Босна и Херцеговина постои обединувачка сила, а тоа се граѓаните, обичните луѓе. Тие се свесни дека за нормален живот е потребна евроатлантската иднина на земја.

BBC: Дали во вакви услови има можност да се реализираат ултра-таленирани луѓе како вас?

Мухамед Мешиќ:Јас не мислам дека сум ултра-талентиран. Но моите моите искуства и познавања на јазиците и контактите што ги имам низ светот сакам да ги употребам за да се отстранат неправдите во нашето општество. Но мислам дека е важно да се создаде платформа која ќе го поддржи тој нов облик на лидерство. Ќе го поддржи она интегрално лидерство, луѓето кои што своите потенцијали, какви и да биле тие, би ги вложиле во она што е најдобро и за себе и за заедницата.

Пристапете до интервјуто преку линк на bbc.co.uk


*  *  *


Интервју за ТЕА Модерна - д-р Ричард Грејсон, истражувач, писател и професор на Универзитетот во Оксфорд, поранешен дописник за британската телевизија, поранешен меѓународно-правен и политички советник на Владата на Швајцарија
септември 2011

alt

Извадоци од интервјуто со д-р Ричар Грејсон:

ТЕА: Насловот на вашето предавање на Летната школа за млади лидери во Охрид беше „Водство и следење: Што најдобрите лидери знаат, прават и говорат“. На кои теми од оваа област најмногу се фокусиравте?

Ричард Грејсон: Го поделив предавањето на два дела. Првиот дел го посветив на луѓето, поточно на лидерите во приватниот и во јавниот сектор, без разлика дали станува збор за влада, национални институции или приватна индустрија. Вториот дел од моето предавање беше ве врска со моето искуство од областа на новинарството. Посветив голем дел од моето предавање на лидерите во САД – како тие тоа го прават и во кој правец ја насочуваат и водат земјата.

ТЕА: Имавте ли одредени очекувања пред да дојдете во Македонија и да предавате на Школата за лидери?

Ричард Грејсон: Пред да дојдам во Македонија од Школата ми испратија профил за тоа каква ќе биде програмата. Сметав дека концептот е добар, како и самата идеја, и дека доколку биде успешно реализирана и организирана школата и тоа како корисно ќе им влијае на учесниците. (...)Сите луѓе кои ме опкружуваа овие неколку дена на Летната школа за млади лидери во Охрид се навистина фантастични. Знаете, кога доаѓате од поголема земја во помала и вашите очекувања не се толку големи. Но, пријатно ме изненади целата атмосфера. Пред сè, студентите, кои според начинот на размислување, покажување интерес и прашањата кои ги поставуваа, ме потсетуваа на моите студенти во Оксфорд. Покажуваат страст кон знаење, покажаа знаење и поставуваа многу мудро и прагматично обмислени прашања. Навистина уживав во предавањето.

ТЕА: Што подразбира способноста за лидерство?

Ричард Грејсон: Сите лидери можат да менаџираат, но не сите менаџери можат да бидат добри лидери. Самото лидерство познава знаење и одредени вештини. Слушањето кога друг зборува. Да се биде силен лидер значи и да се биде емпатичен кон оние што ги водиш и наедно да имаш разбирање кон истите. Моќен лидер, да речеме на една компанија, знае дека треба да располага со голем буџет за неговите вработени, и знае дека треба да умее да комуницира со нив. Од друга страна, тука се работи и кои не се учат, како што е харизмата на еден добар лидер. Неговиот карактер, како и чувството на самоувереност со кое треба да располага.


*  *  *

Интервју во дневниот весник Вечер со Георг Вон Хабсбург, амбасадор за европски прашања на Унгарија и внук на последниот Австро-унгарски император. Амбасадорот Хабсбург се обрати пред втората генерација на Школата за млади лидери во Охрид, август 2011 година.

Георг Вон Хабсбург е втор син и најмлад од сите 7 деца на последниот крунисан принц на монархијата, Ото Вон Хабсбург и принцезата Реџина од Мајнинген. Роден е 1964 година и сопруг на војвотката Илика Хелена од Олденбург со која имаат три деца. Овој брак всушност е единствениот и последен во семејството Хабсбург склопен според законите на нивната династија. Семејството Хабсбург секогаш биле силни поддржувачи на проширувањето на Европската унија. Георг Вон Хабсбург го наследил татко му Ото и во залагањата за европската интеграција на Македонија. Синот на последниот крунисан принц од династијата Хабсбург престојуваше во Охрид, каде под покровителство на претседателот Ѓорѓе Иванов се одржуваше Школата за млади лидери. Во интервјуто зборува не само за Македонија во ЕУ, туку и реформите кои ги спроведуваме, проблемот кој Грција го има со нашето уставно име, и за состојбите во ЕУ, за лошиот кредитен рејтинг на државите и за можноста од нов светски економски поредок.

Вечер: Што ги учите идните млади политички лидери, со вашето големо дипломатско искуство, што треба да прават?

Георг Вон Хабсбург: Треба да веруваат во иднината, треба да останат оптимисти, не треба да паѓаат во замките и да станат депресивни заради економските потешкотии или политичките. Треба да научат каква е состојбата денеска и каква е перспективата, и да ги видат неверојатните можности кои Македонија ги има во иднина и како да работат на тоа. Ако останете оптимист, се станува полесно, отворате нови перспективи. Песимизмот затвора сè, велите "не" за ова, ова не функционира, тоа не функционира, не можам да го направам тоа. Бидете оптимисти, отворете се за светлите можности кои иднината ви ги носи вам.

Пристапете до интервјуто преку на линк на vecer.com.mk


*  *  *

Македонска радио телевизија - Отворање на Школата за млади лидери 2011

alt


*  *  *

Канал 5 телевизија - Отворање на Школата за млади лидери 2011




*  *  *


Интервју во Дневник со г-дин Петер Балош, поранешен министер за надворешни работи за Унгарија, професор на Централно-европскиот Универзитет во Будимпешта на Студиите за евро-проширување. Еден од предавачите на Школата за млади лидери 2011.

alt


 

Фото галерија

galerija-lideri